Епилепсија
Епилепсијата е хронична невролошка болест, која се манифестира во форма на ненадејни и повторувачки грчеви на мускулите од екстремитетите и / или целото тело, со задолжително намалување или губење на свеста
Причини. Причината за оваа болест не е разјаснета до денес, се претпоставува дека се е наследна. Една група на епилепсија може да биде предизвикана од черепно-мозпчни повреди и удари, некои видови труење со лекови и алкохол, тумори на мозокот. Губењето на свеста се јавува ненадејно (како гром од ведро небо). Унесреќениот паѓа како резултат на грчевите скелетните мускули, се слуша крик како резултат на грч на гласните жици итреперење (тикови ) на екстермитетите. Кожата добива сивкаста нијанса, бидејќи дишењето е нарушено. Понекогаш може да се случи и неконтролирано мокрење. Унесреќениот често го згизнува јазикотк, а се појавува и пена од устата во која некогаш може да има и крв.
После 1-2 минути од почетокот на нападот, грчевите запираат, но по кратко време, тие може да се повторат, при што постепено се намалуваат до целосно запирање. По завршувањето на нападот, болниот може да заспие извесно време. Во повеќето случаи, жртвата не се сеќава на сè штосе случило.
Прва помош
За време на епилептичен напад, треба да се следат следниве правила:
> Заштитете ја главата на унесреќениот од евентуални повреди. Треба да се премести подалеку од мебел, стакло, остри предмети, да ја стави под главата мек и рамен предмет (шешир, капа, крпа). Во краен случај, главата може да се заштити со рацете на спасувачот.
> Отстранете ги сите делови од облеката што го стегаат телото на болниот од епилепсија: да се разлабави каишот, да се откопча (разлабави) јаката од кошулата, да се извади вратоврската, наочарите и да му се контролира дишењето.
> Да не се држи болниот за време на нападот и да не се остава да лежи на грб.
> По прекинувањето на епилептичкиот напад, треба внимателно да се сврти на страна за да се избегне враќање на јазикот и повратената содржина во респираторниот тракт.
> Ако лицето болно од епилепсија после нападот заспие, треба да му се дозволи да спие за да се одмори.