a) Концентриран алкохол 96% , 20 мл
-Ацетон 10 мл
-ОХО (УФО) лепило 10 гр
– Колодиум 2% (ако нема колодиум мора да се стави ОХО (Уфо) лепило во размер 1:1
-250 мл вода
– 1 лажица сол
Водата и солта треба да зовријат, а потоа да се додаде една лажица ГУСТИН растворен во малку ладна вода до одредена густина на течноста.Во смесата се додава ЦРВЕНА боја за ткаенина се додека не добиеме боја на крв.
• ТЕМНО ЦРВЕНА ТЕЧНА КРВ се прави како и светлата само што се додава и малку црна боја за ткаенина до постигнување на саканата нијанса
• КРВ ЗА УСТA
-Сок од вишна
-Сок од цреша
-Сок од малина
• СУКРВИЧАВ ЛИКВОР за прикажување на прелом на базата на черепот правиме од:
-50 мл глицерин
-7 капки течна крв
-5 капки екстакт од ванила
• КРЕМ КРВ
Се прави исто како и течната крв, со тоа што се додава повеќе густин и се меша
Употребуваме комбинација на вазелин и боја во прав кои не се токсични во одреден размер.Тие се мешаат со ладен или загреан вазелин.
а) Светло црвена паста
-вазелин 25 гр
-светло црвена боја во прав 10 гр
б) Темно црвена паста
-вазелин 25 гр
-темно црвена боја во прав 20 гр
– плава боја во прав 1 гр
– црна боја во прав 0.5 гр
в) Бела паста
-вазелин 25 гр
-бела боја во прав 25 гр
г) Црна паста
-вазелин 25 гр
-црн прав 15 гр
д) Плава паста
– вазелин 25 гр
– плав прав 20 гр
-Желатин табли се загреваат над пламен, се навлажнуваат во млака вода и се залепуваат на оној дел каде сакаме да прикажиме изгореници од 3 степен.
-плутен затворач претходно опален (чад за изгореници)
-пепел од цигара,песок, земја и пилевина
-коски варени неколку пати во прашак и варикина, исечени на парчиња. Коските ги премачкуваме со восок или бела свеќа
-шајки со танка плочка, стакло, жица, парчиња дрво
-женски чорапи изварени во прашак или варикина
-глицерин со вода за ладна пот и солзи на лицето
-сода бикарбона и киселина
-OХO лепило
-желе крем за раце
-стапчиња за моделирање на рани, чечкалици, фластер, завој, дуплол лента и сунѓер
-шпакна пластична или метална, цинкова паста, вазелин, четки за боење, пудра во разни нијанси
-чешел со ретки запци
-шприц со додаток, спреј шишенца
Покрај ликовното обликување и претставување на самата повреда или рана , неопходно е симулантот претходно да се припреми, да се обучи да ги глуми сите видови на повреди и тоа да биде реално и соодветно на ситуацијата.
Зададените повреди треба што поверодостојно да се одглумат.
При правењето на супозиција и одредување на видот на повредата треба да водиме сметка за местото на повредата и како дошло до нејзе (да се прилагоди кон ситуацијата во која се случила несреќата)
1. Повредата мора да биде во прифатлива врска со претпоставената причина
2. Повредата мора да се постави на право место и да биде анатомски врзана за околните ткива и структури
3. Материјалите кои се користат мора да се во склад со бојата и контурата на кожата така да не се забележуваат местата на спојување
4. Користените материјали не смеат да бидат опасни за ткивото со кое ќе дојдат во контакт
5. Составот на механичкото ткиво (МАСА) треба да биде таков што изгледа што поприродно
6. Бојата на кожата треба да одговара на повредата, состојбата
7. За постигнување на што подобар ефект ќе употребуваме што помалку шминка
8. Шминката никогаш да не ја нанесуваме директно, туку од надлактицата
9. Симулираниот предмет мора да ја издржи секоја промена за која е наменет и во текот на испитувањето и во текот на третманот
10. Основна обука на маркирантот: проверка на способностите, глума , импровизација, талент и природни способности
Материјал и припрема за реалистично прикажување повреди, имитација на ситуации на повредени и нивно припремање
1.Маса за обликување од тапетол:
• 200 гр Тапетол
• ½ литар млака вода
• лажица сол
Оваа маса треба добро да се измеси се додека не престане да се лепи на рацете.. Бојата на амсата ја прилагодуваме кон бојата на кожата со додавање на неколку капки екстракт од рум, ванила или кафе, некоја капка течна крв или течен пудер
2. Маса за обликување од брашно
• чаша 2 дл вода
• чаша брашно
• половина чаша сол
• лажица масло за јадење
лажица винска киселина
• лајче густин
Сите состојки се мешаат и се варат на тивок оган додека не почнат да с е одвојуваат од дното на тенџерето
Природни материјали се:слатко и сок од вишни, бибер, кромид , природен кечап, цвекло, брашно, желатин
Биберот заедно со желатин се користи за гребнатини
Кромидот се користи заедно со цвеклото кај изгореници
Природниот кечап се употребува како крв кај сите исеченици заедно со желатин
Брашното се користи како смеса за скршеници и ампутирани прсти
Слаткото од вишни се користи како коагулум од крв или како згрудена крв
Цвеклото се употребува кај модрици и кај каснувања од животни